Најдобрите брендови во забавната индустрија и раскажувачи на приказни го користат Tenor за да објавуваат официјални содржини и да комуницираат со обожавателите. Создајте потврден профил за да управувате со вашите GIF-датотеки и налепници, со што ќе се погрижите вашиот бренд да се претстави точно како што сакате.
Има доверба од над 8.000 партнери ширум светот.
Истакнете се со знакот за штиклирање што означува дека сте потврдени и со брендираната страница на профилот.
Работете со тимот на Tenor за да ја курирате и оптимизирате вашата збирка според увидите во изведбата.
Поврзете се со публиката користејќи го јазикот на GIF-датотеките, налепниците и мемите.
Тимот на „Успех на партнерите на Tenor“ ќе соработува со вас за создавање и избирање GIF-содржини што се погодни за поттикнување на интеракцијата на клиентите во мобилната размена на пораки. Ќе ги пренесеме вашите содржини во нашите системи и ќе ги оптимизираме за прикажување на мобилен. Tenor ќе ги поврзе вашите содржини со релевантните поими за пребарување, овозможувајќи им на нашите корисници да споделуваат идеи и чувства со најблиските преку вашата соодветна GIF-датотека.
Прв чекор: да разговараме! Контактирајте со нас сега за да стекнувате обожаватели со споделување мобилни GIF-датотеки.